• Горан Упале

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз го отвори Европското првенство во Унгарија и Словачка, ама на паркетот во „Феникс Арена“ никалку не разочара со прикажаната партија против фаворизираната Словенија.
Избраниците на Кирил Лазаров, без капитенот на терен, одиграа борбен и квалитетен натпревар против Словенија, а покрај голманот Мартин Томовски, во нашиот табор фантастичен беше младиот Цветан Кузманоски. Членот на Еурофарм Пелистер 2 на своето деби на еден континентален собир (минатата година играше на Светското првенство во Египет) одигра храбро и ефикасно и со осум гола беше прв стрелец во македонскиот тим.
- Сите голови на Кузманоски против Словенија:
Покрај Кузманоски, одличен за Македонија беше и Филип Кузмановски со пет гола, a Томовски имаше 14 успешни интервенции.