Деби од соништата како капитен: Гогов го подигна првиот трофеј! 

Васил Гогов на најдобар можен начин ја започна својата нова улога во РК Вардар 1961. Македонскиот голман е нов капитен на македонскиот шампион, а на првиот натпревар со капитенската лента веднаш стигна и до трофеј.

Вардар во Суперкупот на Македонија славеше над Охрид со 32-31 во драматичен натпревар, со што Гогов уште на своето капитенско деби ја предводеше екипата до трофеј.

Гогов долго време е дел од црвено-црното семејство и израсна низ структурите на клубот, а сега доби голема чест и одговорност да биде лидер на тимот. Негов заменик во новата сезона ќе биде искусниот Јака Малус.

Така, новиот капитен на Вардар имаше  деби од соништата, капитенска лента и освоен трофеј уште на првиот натпревар.