Гонзало: Штом победивме во Скопје, може да победиме секаде!

Перез Де Варгас беше еден од подобрите играчи во ростерот на Барселона. Со двоцифрен број одбрани, го водеше својот тим до значаен триумф кај Вардар (26-30), а по натпреварот, голманот на прес-конференцијата истакна дека 

„Водевме цел натпревар. Бевме фокусирани на она што треба да го правиме. Оставивме се на терен. Сакавме да победиме во оваа сала, затоа што е доказ дека може да победиме секаде. Среќни сме за победата. Сега сме лидери. Само да продолжиме на ваков начин и се надевам дека ќе победиме во нашата сала. Вардар сигурно нема да се предаде, мора да бидеме подготвени на се“, изјави шпанскиот голман.

Барселона и Вардар ќе играат втор меѓусебен меч веќе наредната недела, во „Палау Блауграна“. Според статистиката, Перез Де Варгас го заврши натпреварот со 15 одбрани.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 14 12 0 2 486:391 95 24
2 ВеспремВеспрем 14 10 0 4 410:382 28 20
3 ВардарВардар 14 9 1 4 406:390 16 19
4 КиелцеКиелце 1 14 7 0 7 439:430 9 14
5 Рајн Некар ЛевенРајн Некар Левен 1 14 7 0 7 418:410 8 14
6 Мешков БрестМешков Брест 1 14 4 1 9 379:419 -40 9
7 МонпелјеМонпелје 1 14 3 1 10 377:414 -37 7
8 КристијанштадКристијанштад 14 2 1 11 396:475 -79 5