Давор Шокоски уште две години во дресот на Прилеп

Екипата на Прилеп почна со формирање на ростерот за следната сезона, и по Реваз Чантурија, задржа уште еден играч во своите редови, тоа е Давор Шокоски.

Левиот бек зад себе имаше одлична сезона, беше еден од носителите на играта, па заслужено ја доби довербата од управата и го продолжи својот договор. Македонскиот ракометар се обврза на двегодишна соработка со прилепскиот суперлигаш.

Шокоски беше еден од најзаслужните за опстанокот на Прилеп во елитното друштво. 23-годишниот ракометар е дете на Прилеп, каде ги помина сите младински категории а сега се наметнува како лидер во својот матичен клуб.