Даскалоски: Очекувам тежок меч со Јуниор КВ, но и победа на нашиот тим

Ракометарите на Голден Арт ќе тргнат во новата сезона со натпреварување во Првата лига. Во воведното коло, оваа екипа ќе се пресмета со Јуниор Кисела Вода. Пресметката на минатогодишните прволигаши се очекува да биде интересна, а за неа зборуваше новиот голман на Голден Арт, Златко Даскалоски. 

„Прв официјален натпревар за нашиот тим, кој оваа година е комбинација на голем број млади играчи и неколкумина искусни ракометари. Тимот има нов ростер на играчи и сеуште не го достигнал својот максимум во однос на вооиграност. Очекувам тежок натпревар против екипа која минатата година исто така играше во најквалитетното натпреварување, екипа со искусен тренер на клупата и неколку искусни домашни и странски ракометари. Секако дека очекувам победа која ќе ни даде мотив за уште понапорна работа во индина“, изјави Даскалоски.

Во СЦ „Јане Сандански“, Голден Арт ќе го дочека Јуниор на стартот на новата сезона, во натпревар кој стартува во 18:30 часот.