Дарко Ѓукиќ не мрда, останува во Охрид и следната сезона!

Дарко Ѓукиќ и следната сезона ќе настапува за екипата на Охрид.

Иако се појавија информации кои го поврзуваа со потенцијално заминување од клубот и преселба во редовите на Партизан, сепак тоа не е точно. Според информациите кои ги добивме од клубот, Ѓукиќ ќе остане во охридските редови и нема да замине ова лето. 

Борис Ројевиќ и во следната сезона ќе може да смета на искусното крило. Ѓукиќ е инаку еден од најдобрите ракометари во тимот, а лани даде многу важни голови во походот кон третото место во Суперлигата и освојувањето на Европскиот куп на ЕХФ. 

Во пресрет на новата сезона Охрид ги освои двата пријателски турнири во Струга и „Крсте Андоновски“, двапати победувајќи го Вардар, а тоа е ветувачки во оваа фаза од подготовките.