Дарио Петровски ќе го засили новиот суперлигаш Струга

Младинскиот репрезентативец Дарио Петровски, кој одигра одлично на ЕХФ шампионатот во Скопје, во претстојната сезона ќе ги брани боите на новиот суперлигаш Струга, како позајмен ракометар од Еурофарм Работник. 

Покрај Горан Кузмановски, Стефан Дрогришки и Горан Крстевски, Петровски немаше можност да добие поголема минутажа, па затоа ќе ја смени средината, иако му остануваат уште две години од договорот со битолчани.

Стружани се засилија со грузискиот репрезентативец Лексо Цителишвили, како и двоецот од Вардар Јуниор, Никола Кизиќ и Стефан Трпчевски. Деновиве можно е да бидат официјализирани и доаѓањата на Глигор Гајиќ и Костантин Вешоски.