• Мартин Танасковски

Двајцата најголеми таленти во данскиот ракомет и светски шампиони со националниот тим, Симон Питлик и Лукас Јоргенсен, направија голем трансфер и ја напуштија тактовината по интернационален предизвик.
Питлик и Јоргенсен си заминаа од ГОГ Гудме и му се приклучија на Флензбург. Бундеслигашот ги доби бекот и кружниот напаѓач на подолг рок, затоа што со нив потпиша договор до 2027 година (Питлик), односно 2026 година (Јоргенсен).
Двајцата се приклучуваат на екипата од 2023 година. За Јоргенсен, Флензбург ќе биде трет клуб во кариерата по ГОГ Гудме и Архус, додека Питлик ќе игра во вториот клуб, досега беше член само на ГОГ Гудме.