Данските крила незадржливи, Шпанија остана без шанса за полуфинале

Како Европското првенство одминува, така главниот фаворит за златото игра подобро и само подобро. Данска одигра моќно второ полувреме и ја совлада Шпанија со 36-31 (17-15) во вториот натпревар од второто коло на главната групна фаза во Хернинг.

Данците отворија моќн, се разиграа бековите и брзо беше 1-4. Потоа Рибера ја најде вистинската постава и Гарсиандија им парираше на светските шампиони. Двата голмани немаа многу интервенции и Данците одржуваа 2-3 разлика во централната фаза. Емил Јакобсен и Матијас Гидсел пак ја оддалечија Данска, но 18-годишниот Хулио Фис со два гола во завршницата на првиот дел намали на 14-16.

Во знакот на Маркос Фис и неговите три гола почна и вториот дел. „Фуријата“ дојде до 17-17, но тука застана. Се разбрани Емил Нилсен, следеа голови на крилата Киркелоке и Јакобсен и Данска експресно стигна до +8. Јасно беше дека победникот беше решен и домаќинот без дилеми го реши натпреварот со финални 36-31.

Најефикасни во данскиот табор беа Јакобсен со осум и Питлик и Киркелоке со по шест гола, а кај Шпанија се издвои Фис со девет погодоци. Со овој пораз Шпанија ги загуби шансите за полуфинале, а Данска јуриша кон уште една борба за медали.