Данскиот судија Мадсен пак падна на терен, кариерата му е готова?

Данецот Јеспер Мадсен изгледа има сериозен здравствен проблем. Вторпат во краток период тој се онесвестува на терен и завршува во болница.

Мадсен беше дел од натпреварот меѓу Алборг и Холстебро, судеше заедно со неговиот партнер Мадс Хансен, а одненадеж повторно падна на терен. Лекарите му помогнаа, беше свесен, а Хансен остана да суди сам до крајот на средбата.

Данскиот судија претходно за првпат се соочи со непосакуван проблем за време на натпреварот меѓу Веспрем и Спортинг во Лигата на шампионите. Се играше финишот на првото полувреме, кога на Мадсен му се слоши на терен и се струполи.

Докторите влетаа на терен за помош, а по кратко време судијата се исправи по немилиот момент, но теренот го напушти на носилки.