ФОТО: Дански ракометар го искористи РК Охрид за да исполни предизвик на Твитер

Размус

Ракометниот клуб Охрид беше името кое ракометарот на Елверум, Размус Бојсен, го искористи за да исполни предизвик на Твитер.

27-годишникот кажа по еден тим чие име започнува со буквите од неговото име и презиме. Кога стигна до буквата „О“ го искористи името на македонскиот клуб.

Исто така, услов во предизвикот беше да не се повтори земјата од каде што е екипата.