ГОГ Гудме го освои трофејот во Суперкупот на Данска, откако во финалето триумфира против Алборг со 34-32 (17-18). Во израмнет натпревар кој можеше да заврши со било кој исход, аутсајдерот го шокира големиот фаворит и првпат во историјата го крена овој трофеј во Данска.