Данска стави крај на ракометната сезона, се знае кои се шампиони

И последната скандинавска држава донесе одлука за завршување на ракометната сезона. По Финска, Норвешка и Шведск,а оваа сезона ракомет нема да се игра ниту во Данска, денес потврди тамошната ракометна федерација. 

Сезоните се завршени и во машка и во женска конкуренција, а веќе се назначени новите шампиони и патниците во европските натпреварувања. 

Кај мажите за шампион е прогласен тимот на Алборг, кој добива место во Лигата на шампионите, додека во останатите натпреварувања на ЕХФ ќе играат ГОГ Гудме, Холстебро и Силкеборг Бјерингбро. 

Тимот на Есбјерг е шампион кај дамите и следната сезона ќе ја претставува Данска во Лигата на шампионите.