• Зоран Мишевски
Пред неколку години Унгарија, а сега Данска ќе има два претставници на завршниот турнир на Лигата на шампионите во ракомет за жени. Есбјерг успеа да го елиминира романскиот ЦСМ Букурешт и му се придружи на Одензе.
Романскиот шампион минимално со 30-29 славеше на првиот дуле пред своите гледачи, а на реваншот во Есбјерг, данскиот тим славеше со 26-22. Голманката Ана Кристинсен запиша 12 интервенции и го понесе епитетот играч на натпреварот.
Вториот дански тим, Оденсе, го елиминира Ференцварош и приреди мало изненадување. Француски Мец и актуелниот бранител на титулата унгарски Ѓер се останатите учесници на завршниот турнир.
„Фајнал-фор“ турнирот на Лигата на шампионите за жени ќе се одржи во Будимпешта од 31 мај до 1 јуни.