Данска сигурен четвртфиналист, Германија го надигра Бразил

Данска и без главните ѕвезди славеше над Јапонија (27-34) и како првопласирана патува во четвртфиналето на Светското првенство (СП) кое се игра во Египет.

Скандинавската селекција не можеше да смета на Микел Хансен и Јохан Хансен, но, сепак, сигурно славеше над „самураите“. Уште од почетокот на мечот Данците водеа, а Јапонија беше конкуретна само во првото полувреме (17-19).

Јакобсен диригираше во победата со 11 гола, а Гидсел имаше шет погодока, додека кај азиската селекција најефикасен беше Агари со шест реализации.

Германија го надигра Бразил (31-24) и ја прекина серијата од два порази во втората фаза од Унгарија и Шпанија. „Кариоките“ имаа проблеми во бековската линија, евидентно беше отсуството на Толедо кој сериозно се повреди, 

Гоља даде седум гола, пред Хафнер и Вебер со по пет, а кај Бразил, Мораеш со шест и Лангаро со четири беа на врвот.