Данска преку Португалија до нов бронзен медал на кадетските Мундијали

Данска

Младите ракометари на Данска го повторија успехот од пред две години и ја освоија бронзата на Светското првенство кое се одржува во Македонија.

Во малото финале, скандинавската репрезентација ја совлада Португалија со рутински 27-35 (11-15). Најава за конечниот резултат беше одличната и ефикасна игра на Данците во првиот дел. Постигнаа 15 гола и направија солидна предност во пресрет на продолжението.

Само што започна вториот дел, португалските репрезентативци му дозволија на противниците дополнително да се одлепат. Во 45. минута резултатот гласеше 25-17, што донесе извесен финиш во борбата за третото место.

Мечот го одбележа Матс Хангаард кој го заврши мечот со десет постигнати гола.

Освојувачот на златниот медал ќе го одреди денешниот дуел меѓу Египет и Германија.