Данска покажа моќ и против Унгарија за прва победа во главната фаза на СП

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Еден од домаќините на ракометното Светско првенство, Данска, продолжува со перфектната игра и вечерва ја запиша шестата победа на овој планетарен собир. Во Хернинг, пред разиграните момци на Јакобсен падна Унгарија, која на крај беше поразена со 25-22 (15-10). 

Првата ѕвезда на скандинавците, Микел Хансен, повторно одигра феноменален меч и со пет гола во првото полувреме го најави вечерашниот лесен триумф на својата репрезентација. Во првото полувреме Унгарија само двапати успеа да израмни, на 1-1 и 2-2, за потоа Данска да влезе во ритам и да го зголемува своето водство, кое на полувреме достигна до +5 (15-10). 

На стартот на вториот дел се играше гол за гол, Унгарија имаше неколку обиди разултатски да се врати во игра, но во домашниот табор се разигра и Лауге-Шмит, кој го чуваше данското водство, кое на крај застана на +3 (25-22).

Хансен со седум и Лауг со пет гола беа најпрецизни во редовите на Данска, додека кај поразената екипа се истакна Сита со пет гола. Во следното коло домаќините ќе се сретнат со селекцијата на Египет, додека Тунис ќе биде новиот предизвик за Унгарија. 

СП, Главна фаза, Група 2
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 5 5 0 0 147:116 31 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 157:135 22 8
3 ШведскаШведска 1 5 3 0 2 148:137 11 6
4 ЕгипетЕгипет 1 5 1 1 3 132:138 -6 3
5 УнгаријаУнгарија 1 5 1 1 3 134:144 -10 3
6 ТунисТунис 5 0 0 5 113:161 -48 0