• Иван Димовски
Ракометарите на Данска го продолжија својот перфектен пат низ групната фаза на Олимписките игри, па во претпоследното коло ја совладаа Унгарија со 25-28 (14-16). Скандинавскиот колектив дојде до четвртата победа во исто толку натпревари и во последната рунда ќе се бори со Норвежаните за првото место во групата.
Почетното водсво на средбата им припадна на унгарските ракометари, но тоа беше само минимално. Бргу фаворитот дојде на предност од 2-6, а потоа следеше опуштање. Унгарците влегоа во подобар ритам, па тоа се одрази на резултатот кој дојде до егал и потоа нивна предност. Иако губеа со 12-10, ракометарите од Скандинавија во финишот на полувремето направија нов пресврт и на одмор заминаа со 14-16.
Во вториот дел Унгарија кратко парираше и се држеше на еден-два гола негатива, но потоа предноста порасна. Данска успеа да се одлепи и одржуваше водство од четири до пет гола. До крајот Унгарците успеаја да намалат на „минус три“, а со таков резултат заврши мечот.
Прво име во победата на Данците беше Матијас Гидсел кој даде осум гола, додека по пет дадоа Јоргенсен и Хансен, а исто толку имаше и Илиќ од Унгарија.
ФОТО/PHOTO: © IHF