• Горан Упале
Норвешка ќе игра против Унгарија, а Франција ќе се бори против Данска за пласман во финалето на ЕП. За петтото место ќе играат Холандија и Шведска.
Во пресрет на последното коло беше јасно дека пласман во полуфиналето обезбедија селекциите на Норвешка, Унгарија и Франција, јасно беше дека Норвешка ќе игра против Унгарија, а дилемата беше Холандија или Данска. Овој натпревар будно го следеше францускиот тим кој го чекаше својот ривал во полуфиналето.
Очекувано следеше голема борба за секоја топка и сантиметар од паркетот. Данска имаше повеќе смиреност, концентрација и цврстина во првото полувреме, кое го доби со 15-13. Во второто Холандија имаше неколку налети за да се врати во игра, но без успех и на крај Данска заслужено славеше со 30-26.
Хансен со седум гола беше најпрецизна во таборот на победникот, додека за Холандија се истакна Хушер со десет гола. Полуфиналните натпревари се закажани за 13 декември.