Данска ја запиша и четвртата победа, во Хернинг убедливо совладана Австрија

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Данска запиша уште една убедлива победа на ракометниот Мундијал, откако во рамките на четвртото коло во групата Ц, во Хернинг славеше победа против Австрија со 17-28 (8-11).

Австријците изненадувачки добро го отворија мечот и имаа предност во првите 15-тина минути, на моменти и највисоки +4 (7-3). Но, од тој момент избраниците на Јакобсен одиграа цврсто во одбраната што резултираше со само еден постигнат погодок до крајот на првиот дел. На одмор Данска замина со предност од +3 (11-8).

Во продолжение на натпреварот, австриските ракометари беа едноставно немоќни против расположените Данци. Од минутa во минутa предноста на домаќините се згoлемуваше и на крајот таа изнесуваше на мечот највисоки +11 (17-28). Најефикасни кај Данците беа Ландин и Лауге Шмит со по шест гола, а во таборот на Австрија, Божовиќ и Вебер запишаа по три гола.

Во последното коло од првата фаза, Данска ќе игра против Норвешка, меч кој ќе го даде и победникот на групата. Австрија во последното коло битка за следна фаза ќе води против селекцијата на Тунис.

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0