Данска го сруши бундес-тимот и остана со шанси за полуфинале

Женската ракометна репрезентација на Данска ги одржа шансите за полуфинале на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија. Скандинавките забележаа важна победа во Инзбрук против Германија со 30-22 (15-13) и им „дишат во врат“ на Холандија и Норвешка, кои се на врвот во првата група.

Првиот дел беше целосно израмнет, најнапред двете селекции се менуваа во водството, а потоа скандинавската селекција се одлепи на +2 на одморот (15-13). Клучниот момент се случи на почетокот на вториот дел, кога Хагес и Хансен иснпиративно направија серија и во финишот Данска влезе со предност од 25-20. Разликата само растеше и на крајот конечниот резултат гласеше 30-22 за Данска. 

Најефикасни во данската селекција беа Јенсен и Хаген со по шестпогодоци, а кај Германија се истакна Лиза Антл со четири гола.

Вечерва се игра уште натпреварот меѓу Полска и Холандија, со кој се завршува второто коло од главната групна фаза.