Норвешка го „прегази“ Чиле и обезбеди следна фаза на ракометниот Мундијал

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Ракометарите на Норвешка одиграа нов феноменален натпревар на Мундијалот во Германија и Данска и по денешната убедлива победа против Чиле со 41-20 обезбедија следна фаза.

Чилеанците имаа добар старт и неколку пати на почетокот на мечот имаа и предност, последен пат 4-3, за да во продолжение Норвежаните едноставно доминираат. На крајот од првиот дел избраниците на Берге имаа позитива од +9 (21-12), а во продолжение нивната предност само се зголемуваше и на крајот достигна до огромни +21 (41-20). Најефикасен кај Норвешка беше Блонц со осум погодоци, а кај Чиле Салинас исто така запиша осум гола.

Следен дуел за Норвежаните ќе биде и досега најголемиот предизвик, мечот против Данска, кој воедно ќе го даде и победникот на групата Ц.

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0