• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Данска со победа над Република Кореја (28-20) ја затвори групната фаза и го потврди првото место кај дамите на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз, Франција.
Данките очекувано демонстрираа класа и цел натпревар водеа против ривалот. На полувремето резултатот гласеше 12-8, а во вториот дел разликата константно растеше и беше во корист на скандинавскиот тим.
Најдобри стрелци кај Данска беа Хансен и Јоргенсен со по шест постигнати гола, додека Фрис, Остергард и Транборг погодија по три пати. Кај Корејките, Во имаше пет, а Канг и Канг имаа по четири реализации во противничката мрежа.
На овој резултат се радува Германија, затоа што Данките со триумфот над азиската селекција го испратија европскиот ривал во следната фаза. Покрај Германија како четврта и Данска како трета, во четвртфиналето одат уште Норвешка како лидер и Шведска како второпласирана.
Во четвртфиналето Норвешка игра против Бразил, Данска оди на мегдан со Холандија, Унгарија ќе се сретне со Шведска, додека домаќинот Франција игра со Германија. Сите мечеви се играат на 6 август.
ФОТО/Photo: IHF