Данкерк и Мец ги освоија трофеите од Купот на Франција

Во спектакуларна недела во која се играа финалните натпревари од Купот на Франција во машка и женска конкуренција, најголемото славје го приредија ракометарите на Шамбери, кои во конкуренција на гигантите кои минатата година играат на „фајнал-фор“ турнирот во Келн, го освоија натпреварувањето.

Во финалето во Париз, Шамбери го совлада Данкерк со 31-21 (16-8) и го освои својот прв трофеј во ова натпреварување. Следната сезона екипата на Шамбери ќе ја претставува во Купот на ЕХФ.

Во предигра на машкото финале, се одигра женскиот финален натпревар, а Мец ја оправда фаворитската улога, победувајќи го Брест со 34-24.