Даниел Дупјачанец си замина од Швајцарија и потпиша за полски Азоти-Пулави

Поранешниот македонски репрезентативец и бивш голман на Металург, Даниел Дупјачанец од идната сезона ќе ги брани боите на амбициозниот полски клуб Азоти-Пулави. 

Искусниот голман, кој како член на тимот од Автокоманда бранеше во Лигата на шампионите, во редовите на Азоти-Пулави доаѓа од швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, потпишувајќи двегодишен договор. 

33-годишниот Дупјачанец своите ракометни почетоци ги мина во Тутунски Комбинат Бренд, настапуваше и за Младост Богданци, Алуминиум Арак од Иран, a пет сезони мина и во Косово, во екипата на БЕСА Приштина. За Македонија бранеше на ЕП токму во Полска, кога нашта репрезентација беше предводена од Ивица Обрван. Тој ќе биде вториот македонски ракометар кој ќе го носи дресот на Азоти-Пулави, откако своевремено член на овој клуб беше голманот Кирил Колев