Даниел Андоновски ќе игра ракомет во земјата на „калчото“

Македонскиот ракометар Даниел Андоновски стартува со интернационална авантура и кариерата ќе ја продолжи во Италија.

Андоновски, кој има 21 година и настапува на левата бековска позиција беше дел од ГРК Охрид, но двете страни спогодбено го раскинаа договорот. Негова следна дестинација ќе биде земјата на „аѕурите“, каде постигна договор со Паламано Трст.

Даниел Андоновски ќе ја има првата странска авантура затоа што пред ГРК Охрид настапуваше за тимот на Прилеп.