Даниел Ацев се врати во Суперлигата, ќе брани за Радовиш

Екипата на Радовиш продолжува да формира ростер за новата сезона во Суперлигата и во тимот го донесе Даниел Ацев.

Ацев последната сезона ја мина во грчкиот второлигаш Ламиа, во чии редови стекна прво меѓународно искуство и беше прв голман.

На домашната сцена, тој има богато искуство за неколку македонски клубови – Охрид, Бутел Скопје, Голден Арт, Вардар Неготино, Шампион и Борец.