Дани како Алекс: Браќата Душебаеви заедно во Бундеслигата!

Германскиот ракометен клуб Мелсунген официјално го претстави своето ново засилување за наредната сезона, шпанскиот репрезентативец Даниел Душебаев.

Левиот бек ќе му се приклучи на бундеслигашот во текот на летото, откако како слободен агент ќе го напушти полскиот гигант Киелце. Со новиот клуб, 28-годишниот ракометар потпиша договор со важност од три години.

Во својата кариера, Душебаев бележи значајни успеси на клупско ниво. Со Келце освои бројни шампионски титули во Полска и имаше одлични настапи во куп натпреварувањата, а двапати стигна и до финалето на Лигата на шампиони во ракомет. За време на позајмицата во Целје, триумфира во шампионатот и Купот на Словенија.

На репрезентативен план, како дел од селекцијата на Шпанија ракометна репрезентација, тој двапати ја освојуваше европската титула, има бронзен медал од Светското првенство, како и бронза од Летните олимписки игри 2024.

Потсетување дека претходно беше објавено и дека неговиот брат, Алекс Душебаев, од следната сезона исто така ќе настапува во германскиот шампионат.