Данците во Флензбург го торпедираа „својот“ Алборг, во осминафинале го чекаат Кристијанштад

По драматичното реми со Веспрем во минатото коло, ракометарите на Флензбург според очекувањата стигнаа до убедлива победа на гостувањето кај Алборг со 24-31 и на крајот завршија на третата позиција во групата А од Лигата на шампионите.

Победата беше обезбедна уште во првиот дел, кога германскиот тим најчесто преку Ване и Тофт Хансен погодуваше и направи солидна залиха (11-15). Во вториот дел предноста само беше зголемувана до конечните +7 (24-31).

Најефикасен во победникиот тим беше Гландорф со шест голови, додека данските репрезентативци Тофт Хансен и Лауге Шмит погодија по пет пати во голот на клубот од нивната земја. Кај Алборг се истакнаа Ларсен и Елебаек со по шест погодоци.

Противник на Флензбург во осминафиналето ќе биде тимот на Кристијанштад, кој славеше на гостувањето кај Загреб со 24-27.