Данците му возвратија на Червар: Луѓето како него го уништуваат ракометот!

Червар

Хрватскиот селектор и неговите играчи гневно реагираа кон судиската двојка од Данска која ја делеше правдата на мечот против Германија.

Нивните зборови беа во центарот на вниманието на ракометниот свет, а денес стигна одговор од неколку реномирани дански новинари кои ја осудија оваа постапка на Хрватите.

„Луѓето како Лино го уништуваат ракометот. Изјавите на Хрватите по мечот се далеку поштетни од една или повеќе лоши судиски проценки“, пишува новинарот Дан Филипсен.

Слично мислење има и неговиот колега Томас Миекле кој побара и казна за ваквите излегувања пред јавноста.

„Ракометот како спорт мора да биде подготвен да се носи со емотивните изјави, но не треба да биде уништен. Од друга страна, луѓето како Червар и Доминиковиќ треба да бидат уништени. Треба итно да се казнат, а Хрватскиот ракометен сојуз треба да се срами од нивните изјави“ , се надоврза Миекле.

Со триумфот, Германците обезбедија полуфинале, а на „коцкестите“ им останува да играат против Франција за да обезбедат пласман на Олимписките игри.

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0