• Иван Димовски

Ракометната репрезентација на Данска го освои Светското првенство кое се одигра во Полска и Шведска. Скандинавскиот колектив ја совлада Франција во финалето и ја потврди доминацијата од три светски круни во низа.
Сепак, по финалето Данците имале непријатни моменти. Петмина од данскиот табор биле повикани на допинг контрола по финалниот меч со „експертите“, а тоа веројатни ги налути шампионите бидејќи наместо на славје, мораа да минат низ процедурата. Исклучително лут на оваа постапка беше Хенрик Мелгард
„Нè тестираа нас петмина, не можам да разберам дека тоа не се случи за време на турнирот наместо сега, по финалето кога сите требаше да прославиме. Можевме ова да го решиме во претходните денови, на пример во саботата кога имавме повеќе време. За овие четири седмици мораа токму сега да се организираат без најава, да ни го расипат славјето“, искоментира лутиот Мелгард.
ИХФ реагираше и ја призна својата грешка за оваа тема. Сепак, ситуацијата се разреши во најдобар ред и Данска на крајот ја прослави светската круна.