• Саше Љолес
Германскиот ракометар од редовите на Кил, Руне Дамке, изјави дека очекува спектакуларен завршен турнир во Европската лига на ЕХФ, каде неговиот тим има огромни амбиции.
Гигантот од Германија во полуфиналето се среќава со францускиот Монпелје, а Дамке очекува балансиран меч, со победа на Кил и пласман во големото финале.
„Мислам дека квалитетот на ова натпреварување постојано расте. Секој завршен турнир е прилично балансиран во силите, па затоа очекувам така да биде и овој пат.
Сите учесници во завршницата имаа одредени проблеми во текот на сезоната. За нас, сабота е главниот ден. Полуфиналето со Монпелје ќе го одиграме како финале. Целта е јасна, одиме по трофејот“, изјави Дамке.
Полуфиналето помеѓу Монпелје и Кил ќе се одигра на 30 мај, а почетокот е закажан за во 12:30 часот.



