• Мартин Танасковски
Женската ракометна селекција на Македонија ги изврши последните подготовки за мечот против Полска, со тренинг на ден на натпреварот во Кошалин.
Во составот на ракометарки кои ќе настапат, од првичниот список, селекторот Грчевски не ги избра голманката Матеа Чурлиновска, како и крилата Пена Граматова и Емилијана Ризоска. Сите останати ракометарки тренираа во полн интензитет и се спремни за предизвикот.
Натпреварот меѓу Полска и Македонија стартува од 20:30 часот, а реваншот ќе се игра во Битола и е закажан во сабота.
Главни судијки на натпреварот се Михаела Парашив и Георгијана Мурариу, двете доаѓаат од Романија. Делегат на мечот е Тадас Јансонас од Литванија.

