Дамгард даде 15 гола, Магдебург и Кил ќе играат за германската Куп-титула

Во финалето на Купот на Германија во ракомет ќе играат Кил и Магдебург. Ова е епилогот на полуфиналето на „фајнал-фор“ турнирот во Хамбург. Идниот клуб на Филип Кузмановски, Магдебург се избори за второ финале по ред, откако во драматичен дуел го совлада четвртфиналистот на ЕХФ Купот, Хановер со 30-29 (15-11).

Јунак на победничкиот тим беше Дамгард со рекордни 15 гола, а Олсен со седум погодоци беше најдобар во поразениот табор на Ортега. 

Kил го совлада тимот на Фуксе Берлин со 24-22 во дуел во кој пак блесна Никлас Ландин и со серија на одбрани во клучните моменти ја доведе својата екипа во позиција да слави. Дувњак и Екберг со по шест и Зарабец со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот табор. Кај Фуксе Берлин се истакнаа Виде со шест и Марсениќ со четири гола.

Финалето се игра утре со почеток во 15:10 часот.