Дамчевска: Макотрпно работевме и верувавме во ова што го постигнавме

Во натпревар на два многу млади тима, ЖРК Металург го совлада Ѓорче Петров со 30-27 и го освои Купот на Македонија во женска конкуренција. Дуелот не наговестуваше драма, но дури во последната минута беа решени дилемите околу освојувачот на трофејот.

На официјалната прес-конференција тренерот на победничката екипа, Јулијана Дамчевска не го криеше своето задоволство од двете победи во Кавадарци.

„Влеговме сериозни и со пристап кој е победнички. Знаевме дека ако спроведеме што трениравме, ќе успееме. Макотрпно работиме, веруваме во тоа што го работиме и еве го резултатот. Игравме дисциплинирано и долго време во висок ритам. Не може да се игра во  вака силно темпо шеесет минути, но успеавме и заслужено се радувавме“, рече предводникот на Куп-победникот. 

Без разлика на исходот во плеј-офот на шампионатот, ЖРК Металург избори место во евро-куповите за сезоната 2022/23.