• Иван Димовски
Селекторот Кирил Лазаров и Македонија доживеаја голем пех, бидејќи уште во првиот дел останавме без еден од главните дефанзивци Никола Маркоски.
Играчот на Алкалоид во обид да спречи удар од девет метри го задржа противничкиот играч во лет. Португалецот падна на подот како покосен, а првата одлука беше две минути.
Сепак, судиите Дино и Амар Коњичанин отидоа да гледаат снимка, па ја сменија одлуката. Босанците му покажаа директен црвен картон на Маркоски кој рано беше пратен на трибината.





