Дали сте експерт за ракометната ЛШ? ЕХФ со квиз ги „испитува“ фановите

Нова сезона, нови предизвици - во пресрет на новите возбудувања од ракометната Лига на шампиони, Европската куќа на ракометот се реши на забавен начин да го привлече вниманието на ракометните фанови. 

Деновите се намалуваат до стартот на новата сезона, а ЕХФ се обидува на секаков начин да ги запознае фановите со она што ги очекува во следниот период и на својата интернет страница организира квиз од 12 интересни прашања, на кои може да одговори секој. 

Доколку сакате да ги проверите вашите знаења за ЕХФ Лигата на шампионите кликнете на ОВОЈ линк и дознајте дали се ракометен експерт!