• Горан Упале

По само една сезона одиграна во Грција, македонската ракометарка Сања Дабевска ќе менува средина и во идната сезона ќе се натпреварува во унгарскиот шампион.
Дабевска, која игра на позицијата кружен напаѓач, грчки Јонијас ќе го замени со поранешен освојувач на Лигата на шампионите. 24-годишната ракометарка во следната сезона ќе ги брани боите на Дунајварош, потврди унгарскиот клуб на социјалните мрежи.
Дабевска оваа сезона со грчкиот тим настапуваше во Челинџ Купот, а претходно беше дел од екипите на Куманово, Металург и ЖРК Пелистер.