Дабевска: Многу ми е тешко за поразот, сметам дека бевме поквалитетни...

Ракометната репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство, откако го доживеја и третиот пораз, овојпат од Романија (23-31). Избраничките на Љубомир Савевски сепак, за разлика од минатите два дуели, сега беше рамноправен ривал барем во првото полувреме. Искуството и физичката спремност, сепак пресудија во продолжението. 

По натпреварот, свое видување на поразот денес и турнирот сподели Сања Дабевска која беше најдобар стрелец на нашиот тим.  

„Многу ми е тешко, сметам дека бевме поквалитетни, ама ја загубивме енергијата. Тие имаат поискусни замени, а ние далеку помлад тим. Жал ми е што на нашето враќање на големите собири по десетина години не успеавме да оствариме резултат, но благодарна сум на публиката. Тие беа најдобри и нè бодреа до самиот крај. Го дадовме својот максимум, се боревме, ама за жал не успеавме“, изјави Дабевска. 

Оваа млада Македонија дури и покрај овие три порази, на моменти покажа дека може да се носи со „големците“. Сепак, јасно е дека треба доста работа, собирање искуство и труд за доаѓање на едно повисоко ниво.