Дабаш му се допадна, Хорват го продолжи договорот со унгарскиот тим

Хрватската ракометна легенда, Златко Хорват, нема да менува средина и ќе остане во унгарски Дабаш уште една година, до летото 2024 година.

Искусното десно крило, по долгогодишната соработка со ППД Загреб, каде сите очекуваа дека и ќе ја заврши кариерата, во 2020 година се реши за изненадувачки трансфер и се пресели во македонскиoт клуб кој најавуваше силен проект Металург. Во Автокоманда пристигна како огромно засилување и предводник на новиот проект на клубот, но набргу сè потона во вода и кариерата ја продолжи во Унгарија.

Искусниот 38-годишен Хорват во Дабаш пристигна во летото 2022 година. Унгарскиот тим е на десеттото место во националниот шампионат.