ФОТО: Да живееме - стручниот штаб со пиво наздрави за успешните квалификации

Раул пиво

Главниот тренер Раул Гонзалез и неговиот помошник Роберто Гарсија Парондо беа задоволни од одиграниот двомеч со Романија, кој на националниот тим му донесе ново учество на еден Мундијал. 

Сега следуваат денови на славје за репрезентативците кои заслужуваат честитки за одиграното во Скопје, а и за денес во Клуж.

Шпанското тренерско дуо и спортскиот директор Милчо Чакарески одвоија време по мечот и го прославија успехот на клупата со пиво во рака.