• Зоран Мишевски
Меѓу хероите за освоената бронза на ракометаркиte на Црна Гора свое место има младата Ѓурѓина Јауковиќ. Корпулентната ракометарка од Никшиќ доби безброј удари, противниците ја повлекуваа за шутерска рака, трипати физиотерапевтот Митар Вујовиќ интервенираше, но таа секогаш се враќаше. Откажувањето не е опција.
„Моите емоции беа измешани, бидејќи го одигравме целото првенство и завршивме со шест или седум целосно исцрпени играчи. Дадовме максимум на секој натпревар и уште еднаш покажавме карактер и срце. Физички, Французинките требаше да бидат подобри од нас, но ние докажавме дека некои недостатоци можеме да ги надополниме со ментална сила“, изјави 25-годишната Јауковиќ.
На крајот од регуларниот тек на натпреварот беше исклучена нејзината најдобра пријателка Итана Грбиќ. па Ѓурѓина доби дополнителен мотив да игра за неа и за Јованка Радичевиќ.
„Игравме за Итана, но и за Јованка. Пред почетокот на натпреварот ѝ ветив дека ќе ја заврши репрезентативната кариера со медал околу вратот, а тоа го повторив и пред продолженијата. Знаев дека сите овие години работа ќе ни се вратат. Заврши на најдобар можен начин, со медал кој е златен за нас. Иако се вратив по тешка повреда и играв само два месеци, ниту еднаш не помислив да се откажам. Да ми ја „откинеа“ и раката и ногата, ќе скокнев на едната, затоа што овие девојки и овој народ тоа го заслужија“, заврши Јауковиќ.
Овој медал е прв за Јауковиќ во кариерата, но прв и за легендата Бојана Попивиќ како црногорски селектор.