Цвијиќ: Уживање е да се игра во овој Вардар!

Македонскиот ракометен првак Вардар со победа ја заврши првата фаза од Лигата на шампионите и со максимален учинок - шест триумфа на шест меча. Драгана Цвијиќ беше една од најдобрите ракометарки на „црвено-црните“ на денешната средба во одбраната, а по дуелот истакна дека е уживање да се биде дел од овој тим.

„Со овие шест натпревари покажавме што знаеме. Би сакала да се заблагодарам на публиката затоа што ја наполни салата. Би сакала да биде вака и на наредните мечеви. Сигурно дека ова не е најдоброто од Вардар, влеговме во новиот ситем. Заедно растеме и учиме, од меч во меч се воигруваме. Моите игри во Вардар ме прифатија довбро, сум играла и со другите во останатите клубови, уживање е да се биде дел од Вардар, имам добра соработка со сите. Има многу простор за подобрување, работиме еден за друг“, изјави Цвијиќ.

Кружниот напаѓач, освен во одбраната, придонес даде и во нападот, каде постигна два гола.