• Сашо Поповски
Корпулентната ракометарка на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ и нејзиниот гол против Турингер се искачија на врвот на листата по одиграното 6. коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион го задржа максималниот ефект и со 29-21 го совлада германскиот претставник. Тоа е потврда за одличната сезона на избраничките на Ирина Дибирова, кои се надеваат на нов пласман на завршниот турнир.
Голот на Цвијиќ може да го погледнете тука.