Цветковски потпиша за шведски ОВ Хелсинборг

Македонскиот интернационалец, голманот Јане Цветковски се реши да го напушти тимот на Босна од БиХ, откако потпиша двегодишен договор со второлигашот од Шведска, составот на ОВ Хелсинборг.

Цветковски, откако имаше одлична сезона во тимот на Босна, го привлече вниманието врз себе од неколку клубови, а покрај веќе новиот клуб ОВ Хелсинборг, имаше понуда и од словенечка Рибница и шпански Сантандер.

Кога сме кај Цветковски, да кажеме дека тој е поранешен голман на Тинекс Пролет, Босна, а има настапувано и во Словачка за тимот на АГРО Тополчани.