Цветковски: Ако ја сопреме брзата транзиција на Алкалоид можеме до победа

Петар Цветковски, младиот ракометар на Бутел Скопје, верува дека неговата екипа ќе најде начин како да се совлада амбициозниот Алкалоид и одново ќе обезбедат пласман во завршницата од ракометниот Куп на Македонија.

Плеј-оф екипите в сабота го играат дербито од четвртфиналната фаза во Националниот Куп, Алкалоид атакува на прв Ф4 турнир, додека Бутел посакува продолжување на традицијата.

„Нè очекува тежок и неизвесен натпревар. Добро се подготвивме. Знаеме дека Алкалоид има млада екипа со многу добра полуконтра и контра. Мислам дека ако им ја запреме брзата транзиција можеме до победа на овој Куп-натпревар“, вели Цветковски.

Средбата меѓу скопските ривали се игра в сабота, со почеток од 18:00 часот.