Цветановска со нов двегодишен договор во ЖРК Куманово

Цветановска

Екипата на ЖРК Куманово се пофали со потпис на договор со уште една своја ракометарка, која потекнува од школата.

Се работи за Сара Цветановска, која се обврза да остане во клубот до 2024 година. Ракометарката која игра на позицијата кружен напаѓач остана верна и ќе продолжи да биде дел од тимот каде доби шанса во сениорска конкуренција. Претходно, ЖРК Куманово ја продолжи соработката со Ива Николовска и Тамара Ивановска.

Македонскиот клуб неодамна беше дел од квалификациите за ЕХФ Европскиот Куп, каде беше елиминиран од израелски Макаби Аразим.