• Иван Димовски
Владимир Цупара кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт, откако клубот од Романија го откупи договорот на српскиот репрезентативец. Иако требаше да се пресели во Букурешт следното лето, Цупара година порано замина од Унгарија.
Српскиот голман парафираше договор до 2026 година со Динамо. Веспрем не чекаше премногу и веднаш доведе замена. Се работи за Игнасио Биоска, кој доаѓа од редовите на Висла Плок. Голманот од Шпанија потпиша на една година со унгарскиот клуб.
Биоска има големо искуство од настапите во Кадетен Шафхаузен, а беше дел и од Адемар Леон и Барселона, па се очекува да биде добра замена за Цупара.