ЦСМ Букурешт задржа две врвни ракометарки – Дембеле и Неагу

Екипата на ЦСМ Букурешт почна да формира ростер за следната сезона и продолжи соработка со две важни првотимки.

Крилото Сираба Дембеле и капитенката која игра во бековската линија Кристина Неагу потпишаа нови договори со романскиот тим кој игра во Лигата на шампионите. Двете беа на истек, но се одлучија да го продолжат престојот во Букурешт.

Неагу потпиша двегодишен, а Дембеле парафира едногодишен договор со романскиот ракометен тим кој важи за еден од најбогатите во Европа.