• Симеончо Стоиков
Актуелниот европски женски ракометен првак, ЦСМ Букурешт новата сезона на домашна тло ја започна со победа и нова освоена титула со победа во Супер Купот на Романија со триумфот против Роман на чија клупа од оваа сезона седи нашиот стрaтег Андон Бошковски.
Клубот од престолнината на Романија покажа квалитет и класа во мечот со Роман, добивајќи го веќе првото полувреме со +7 (13-6), така да во вториот дел само рутински го доработи мечот за конечна победа од 23-17.
Најефикасна во победничката екипа на ЦСМ Букурешт беше Французинката Нијомбла со 5 погодоци, додека Јонту со 4 гола беше прво име во тимот на Роман.